Синди Крафорд има неколку едноставни трикови за дневна шминка

Синди Крафорд е една од омилените манекенки во историјата и дефинитивно една од најуспешните, па воопшто не нè изненадува тоа што низ годините ги има усовршено сите тајни на шминкањето.

Во видео за Вог, таа покажува кои се нејзините утрински ритуали кога станува збор за дневната шминка, а ни открива и супер трикови со кои ќе ги скриете подочниците и сите несовршености на лицето.

Ќе каже дека нејзиниот сопруг не сака многу шминка и дека и оваа дневна варијанта за него би била многу, но сепак потенцира, жените се средуваат за жените, а не за мажите.

Американската модна икона за само неколку минути совршено го средува своето лице, а ќе каже дека оваа рутина е соодветна за сите оние жени кои имаат многу кратко време да се средат во утринските часови.

„Сега, на 53 години ставам многу помалку шминка од порано. Сега ми е најважно правилно да се грижам за својата кожа“, вели таа во видеото.

Раскажува и дека кога почнала со работа не знаела ништо за шминката.

„Се сеќавам, на мојата прва работа добивме задача да се нашминкаме сами. Бевме јас, Иман и Диан Де Вит. Тие две девојки буквално почнаа да се цртаат. Се сеќавам, стоев пред огледалото и се обидував да го копирам она што тие го правеа“, вели манекенката, додавајќи дека денеска ја има усовршено дневната шминка во која ужива.

Погледнете го видеото и откријте супер трикови за дневната шминка од прекрасната Синди.

Инфо, фото и видео: Vogue

Објавено:
20 март 2019
Прегледно:
1.195 пати