Сите зборуваат за новиот спот на Пинк

Новото видео за песната „Beautiful Trauma“ на Пинк го привлече саканото внимание. За неполни 24 часа, спотот има преку 2.5 милиони прегледи.

Веројатно добар дел од нив се и поради Ченинг Тејтум, кој се појавува во видео-приказната. Тој го игра сопругот на Пинк (во спотот Џинџер Харт), Фред Харт.

Не е тајна дека има одлични танчерски способност, што го покажа и овој пат. Во спотот, во ретро стил и со неколку, како што велат и странските медиуми, контроверзни сцени, изобилуваат и интензивни бои, што уште повеќе придонесуваат за магија и за тоа да сакате да го пуштите уште неколку пати.

Направете кратка пауза за кафе и погледнете за што се работи.

Објавено:
22 ноември 2017
Прегледно:
842 пати