Славица Ангелова е најдобриот дебитант на „Макфест 2019“ –нејзиниот хит „Љубовта не боли“ има одличен видео запис

Викендов беше во знакот на „Макфест 2019", што годинава на иста сцена ги спои музичките ветерани и младите и надежни нови музички имиња.

Новата генерација на македонската поп сцена е навистина амбициозна и има голем потенцијал, ако се земат во предвид настапите на младите поп изведувачи на годинешново издание на реномираниот фестивал.

Признанието за Најдобар дебитант го освои 17-годишната Славица Ангелова која што настапи со модерна, младешка и урбана нумера насловена „Љубовта не боли".

Тимот што стои зад песната се Јован Јованов и Иван Јованов кои што ја направија музиката и аранжманот, додека текстот го напиша Елвир Мекиќ задно со Јован.

За песната веќе е направен и видео запис во урбан фазон што како естетика одлично ѝ прилега, а танчарите од танцовото студио „Eat the beat" ѝ даваат светска нота на целата приказна.

Славица Ангелова на македонската и регионалната јавност ѝ е позната по нејзиното учество на повеќе талент шоуа во нашата земја и соседството, каде што секогаш успеваше да се пласира меѓу најдобрите, а оваа награда на „Макфест" е уште едно признание за нејзиниот талент.

Инаку, годинешниот победник на „Макфест" е исто така млад поп пејач, Мартинијан Кириловски кој ја освои највисоката награда со песната „100 пати на ден". Александар Митевски и Драган Спасов – Дац го освоија второто место со песната „Уште ми фалиш", а третото место им припадна на Фрајле кои настапија со песната „Не ѝ признавај".

 

Објавено:
14 октомври 2019
Прегледно:
343 пати