Слушнете ги новите песни на Лозано, Калиопи и „Ареа“!

Ако сè уште не сте направиле пауза за кафе или доручек, сега е вистински момент. А тоа направете го со музика.

Влатко Лозановски, Калиопи и групата „Ареа“ имаат нови песни и спотови, а ние ви ги презентираме токму преку овој текст.

Новата нумера во изведба на Лозановски е насловена како „Надеж“ и повторно е комплетно дело на Лазар и Магдалена Цветковски.

„Пресуда“ е насловена новата песна на Калиопи, дело на Ромео Грил.

Најновото од „Ареа“ е композицијата „Зрак“, а во видео приказната најавуваат дека се инспирирале од вистински случувања.

Уживајте во македонскиот музички блок.

Која песна најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
6 ноември 2018
Прегледно:
484 пати