Слушнете ја песната за „Педесет нијанси потемно“

Еден од најголемите хитови на Ели Гоулдинг е „Love like you do“, песната што го следеше првото остварување на хитот „Педесет нијанси сива“. 

Неодамна излезе и видео-записот за песната за второто остварување, насловено како „Педесет нијанси потемно“, која ја изведуваат Тејлор Свифт и Зејн Малик. За неколку дена спотот достигна преку 13 милиони прегледи.

 

Инаку, песната е специјално создадена за ова остварување, а автори се Тејлор Свифт која во видеото е во сосема провокативно издание, Џек Антоноф и Сем Дју. 

Всушност, Тејлор и Зејн во спотот се Анастасија Стил и Кристијан Греј.

За потсетување, премиерата за второто продолжение е закажана за 10-ти февруари, па наскоро ќе го гледаме и во нашите кина.

Објавено:
1 февруари 2017
Прегледно:
2.216 пати