Сребрени бранови над парк во Лос Анџелес...

Уметничката инсталација „Liquid Shard“ веќе некое време е поставена во паркот Pershing Square во Лос Анџелес, а истата е направена од холографски траки кои се протегаат на речиси 1.400 квадратни метри.

Истата „расте“ и „опаѓа“ како некој мистичен бран, менувајќи ја формата зависно од ветерот. Оваа инсталација е проектирана и креирана според идејата на Патрик Шарн кој беше задолжен за механичките инсталации во филмот „Џурасик Парк“.

Оваа инсталација стана вистински хит помеѓу жителите на Лос Анџелес, а од неа се воодушевени и сите туристи кои го посетуваат овој парк. Истата создава илузија на вистински морски бран кој му дава сосема нова димензија на паркот, а во создавањето на инсталацијата користена е 3Д техника на моделирање за точно да се види движењето во просторот.

Инспирацијата на дизајнерот доаѓа од истражувањето на научните принципи и откривањето на природните убавини.

Објавено:
16 август 2016
Прегледно:
323 пати