Стела Мекартни создаде градник за жените што го победиле ракот на дојка

Во месецот на борбата и свесноста за ракот на дојката, познатата британска дизајнерка Стела Мекартни објави дека основа хуманитарна организација преку која ќе се обиде да ја зголеми свесноста за оваа болест со која се борат многу жени.

Помеѓу другото, таа дизајнираше и градници за сите оние кои го победиле или се борат со ракот на дојката, кои се доведени до совршенство и се соодветни за да одговарат на сите нивни потреби.

Дизајнерката долги години се бори за оваа цел, откако од истата болест ја изгубила нејзината мајка во 1998 – та година.

„Ова е тема која е многу блиска до моето срце и причината што ги дизајнирав овие градници е резултат на моето искуство со болеста поради која ја изгубив мојата мајка која помина низ трауматична операција“, изјави дизајнерката по повод лансирањето на колекцијата градници.

Таа ќе додаде дека сакала да создаде производ кој истовремено е убав и женствен и кој ја слави моќта на тоа да се биде жена.

Првата голема иницијатива на хуманитарната организација на Стела Мекартни е доделувањето на 1000 бесплатни градници на сите жени кои ќе се пријават преку нивната онлајн страница.

Истовремено, таа објави и прекрасна кампања со која им дава поддршка на сите жени кои се борат со болеста, а во истата се појавуваат фантастични дами кои ја преживеале истата, а големиот актер Идрис Елба чита охрабрувачки пораки во видеото.

Погледнете.

Објавено:
15 октомври 2018
Прегледно:
420 пати