Танц во ритамот на Лубутан

Дизајнерот чии чевли ги обожуваат речиси сите жени, Кристијан Лубутан одлучи колекцијата за есен 2016 да ја презентира на поинаков начин – преку танц.

Имено, за овие потреби, тој соработуваше со кореографката, режисерка и танчерка, Бланка Ли, а резултатот од соработката е краткиот филм насловен „La Repetition“.

Во филмот танцувачите ги носат новите модели со потпис на Лубутан и танцуваат со нив. Иако можеби ќе ви зазвучи чудно, дел од девојките танцуваат во чевли со потпетица висока дури 15 сантиметри.

Видеото истовремено ќе ве натера да инвестирате во нови чевли, но и да се запишете на часови по танц.

Иако ова е поинаква презентација на колекција од вообичаените, сепак не е нова за дизајнерот. Тој во 2015 година соработуваше со Бланка Ли за шоуто „Robot“, кое премиерно беше изведено на музичката академија „Бруклин“.

Објавено:
1 јуни 2016
Прегледно:
309 пати