Тим Бартон прави нов филм за слончето Дамбо

После успехот со „Пепелашка“, „Господарката на злото“, „Убавицата и ѕверот“ и „Книга за џунглата“, Тим Бартон подготвува нова „Дизни“ приказна - за слончето Дамбо.

Сопственикот на циркус Макс Медичи (Дени Девито) ја ангажира поранешната ѕвезда Холт Фариер (Колин Фарел) и неговите ддеца Мајли (Нико Паркер) и Џо (Фајнли Хобинс) да се грижат за новороденото слонче со огромни учи, што предизвикуваат смеа во циркусот кој едвај се бори да опстане. Но, кога ќе откријат дека Дамбо може да лета, циркусот ќе оживее повторно и ќе го привлечат големиот и познат претприемач В.А. Вандевере (Мајкл Китон), кој сака да го земе Дамбо за својот нов бизнис чекор во светот на забавата, поголем од било кој друг кој ќе го нарече „Dreamlend“.

Дамбо ќе учи да лета на нови висини благодарение на шармантната уметница Колет Марчант (Ева Грин), сè додека Холт не открие дека под сјајната површина на „Dreamland“ се кријат мрачни тајни.

Премиерата е закажана за март следната година, а погоре погледнете го првиот трејлер за остварувањето, за кое веќе се коментира дека ќе разбуди многу емоции.

Објавено:
13 јуни 2018
Прегледно:
116 пати