Том Харди ве замолува да вдомите куче

Нема ништо подобро за крај на работниот ден од спојот на Том Харди и преслатки кучиња кои едвај чекаат да бидат вдомени.

Во време кога тој го промовира неговиот нов филм „Venom“ за кој се очекува да биде вистински хит и да освои бројни награди, тој одвои време да сними видео во кое говори за важноста на вдомување куче и колку животот може да ви се промени.

Станува збор за акција на добротворната организација Battersea која работи на вдомување кучиња и привремено ги згрижува истите.

Меѓу другото, во видеото тој одговара на прашања поврзани со новиот филм, а за сè останато, погледнете го видеото.

Објавено:
9 октомври 2018
Прегледно:
134 пати