Убавината е во деталите – безвременски марами со потпис на Елена Лука

Шармот на деталите е во нивната незаменлива улога во акцентирањето на индивидуалноста.

Току затоа, модните додатоци се исклучително значајни во комплетирањето на уникатниот имиџ, имаат моќ да трансформираат и секогаш внимаваме на нивниот избор.

Нашиот моден бренд Елена Лука оваа пролет во својот програм вклучи и дизајн на уникатни, префинети, безвременски марами на кои е аплицирано логото на модната куќа.

Она што ги прави посебни овие марами е автентичниот дизајнерски потпис пресликан во впечатливите дезени во кои се внимавало и на најситниот детаљ, а достапни се во широк спектар на бои: зелена, жолта, црвена, нежно розова, сина...

Ќе ви посочиме дека Елена Лука марамите може да ги комбинирате во вашиот стил во бројни варијанти. Може да ги носите околу врат, врзани на рака, вплетени во коса или пак како додаток на вашата омилена чанта...

Убавината е во деталите...

 

Објавено:
11 април 2018
Прегледно:
515 пати