Уметноста на Жарко Башески на еден клик од публиката

Интернетот е место каде уметникот има постојана поставка. Неговиот веб-сајт е изложба која нема почеток, ниту крај. Тука, вратите до неговите дела се постојано отворени. Тука, публиката доаѓа кога сака. Тука, публиката ретко е во одело, а често е во пижами. Тука, публиката е опуштена да разгледа, да размисли, и вистински да го цени она што смета дека е вредно. Тука, уметникот треба точно и прецизно да раскаже за своите дела и за себе!

Затоа, уметникот е должен да се грижи и за дигиталниот живот на своите дела!

Пријатели на скулптурите и музеите, Ве покануваме на еден клик на новиот веб-сајт на хипер-реалистот Жарко Башески.

Башески роден 1957 година во Прилеп, е македонски скулптор и професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Од 1988 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби). Имал студиски престој во Лондон од 1979 до 1982 година. Живее во Скопје и работи како редовен професор на ФЛУ.

zharkobasheski.com

Објавено:
1 јуни 2017
Прегледно:
148 пати