Видео: Доделување на наградите за најстилски личности за 2018

Неодамна по петти пат нашиот магазин Fashionel ги додели наградите за најстилски личности за 2018 година. При нашата селекција секогаш се водиме според неколку базични критериуми што неизбежно ја вклучуваат изострената естетска перцепција и изразениот индивидуализам, но и генерално комплетниот животен стил.

Годинава нашиот избор беа Александра Трпеска, младата, но исклучително успешна блогерка и Медаин Аслан, многу надежен и талентиран млад моден дизајнер, урбани луѓе кои преку својот стил ја нагласуваат својата индивидуалност наспроти тенденцијата на униформираност.

Низ содржините секогаш одвојуваме простор за млади и талентирани луѓе, а оваа дружба уште еднаш ни потврди дека Македонија навистина изобилува со такви, кои и покрај сè, имаат ентузијазам, љубов и желба да направат нешто за нивната генерација и за тие што следат. Имаат желба да му покажат на светот што знаат и кои не стравуваат креативноста да ги носи.

Погледнете го видеото од атмосферата од доделувањето на наградите.

 

Објавено:
7 февруари 2019
Прегледно:
165 пати