Видео: Џенифер Лопез танцува на најдобрите песни низ историјата

Откако во 2014 – тата заедно со Џими Фалон направија видео за кое се говореше години подоцна и имаше повеќе од 40 милиони прегледи, Џенифер Лопез повторно се појавува во серијалот на емисијата „The History of Music Video Dancing“.

Видеото е дефинитивно нешто што морате да го погледнете денеска, а забавата со истото е гарантирана.

Имено, водителот и пејачката одлично се забавуваат додека играат и пејат некои од најпознатите песни низ историјата, а омилениот дел од видеото е дефинитивно оној кога Лопез ќе го повтори познатиот танц од нејзината песна „Waiting for tonight“.

Покрај нејзината, во видеото двојката танцува на познатите песни Walk Like An Egyptian, I Wanna Dance With Somebody, U Can't Touch This, Single Ladies, како и новите Senorita, Bad Guy, In my feelings, Whip/Nae Nae и други.

Како и секогаш, пејачката изгледаше ултра згодно во сиви тренерки и црна куса блузичка која совршено и ги истакнуваше стомачните мускули за кои секој може да ѝ позавиди, иако неодамна наполни 50 години.

Погледнете го супер забавното видео и потсетете се на некои од најпозитивните песни низ историјата што секогаш беа проследени со „заразни“ танци.

Објавено:
11 септември 2019
Прегледно:
2.183 пати