Видео: Фондацијата Елена Лука ги избра шесте самохрани мајки кои ќе добијат поддршка

Фондацијата „Елена Лука“ им обезбеди техничка поддршка во вредност од 100.000 денари неповратни средства на шест самохрани мајки за започнување нов или развивање на веќе постоечки бизнис. 

На самохраните мајки им беа доделени ваучери во просториите на Фондацијата каде беа потпишани и официјалните договори со кои шестте жени од различни делови на Македонија ќе добијат техничка поддршка прилагодена на потребите на нивните бизнис идеи. 

Имено, станува збор за проект во кој преку јавен оглас имаа можност да се пријават сите самохрани мајки кои сакаат да вложат во развојот на сопствениот бизнис или да започнат нов, а се однесуваше на целните општини: Велес, Струмица, Битола, Ресен, Тетово и Скопје. 

Селекцијата на самохраните мајки е направена врз основа на неколку критериуми: оддржливост на бизнисот или бизнис идејата, концептот, целта, програмата... 

„Имавме убава средба, неформален разговор во пријатна атмосфера. Јас сум презадоволна што денеска го заокруживме процесот што траеше неколку месеци. Имаше многу емоции, што донекаде и беше очекувано. Жените се полни со благодарност, радост и надеж, за што посебно ми е драго. Претходно се информиравме за нивните желби, можности и услови, тимот на Фондацијата беше и на терен, така што на оваа средба покрај официјалниот дел, имавме можност уште еднаш директно да поразговараме за нивните понатамошни планови – изјави основачот на Фондација „Елена Лука" , Елена Пандева.

Погледнете го видеото од средбата во Фондацијата „Елена Лука“.

Објавено:
25 јуни 2016
Прегледно:
1.173 пати