Видео: Како изгледа кога меѓусебе се интервјуираат Ријана и Ана Винтур?

Кога две моќни жени и икони на стилот ќе седнат една наспроти друга, тогаш тоа е средба која го заслужува светското внимание, особено ако тие две жени се Ријана и Ана Винтур.

Деновиве беше објавено интересно видео на кое тие меѓусебе се интервјуираат и си поставуваат прашања кои можеби никогаш претходно не им биле поставени.

Ријана на пример се интересира за култната боб фризура на уредничката и за тоа дали довербатата му е препуштена само на еден фризер, ја прашува и за омилените млади дизајнери, како и за тоа кој стајлинг што досега го носела Ријана ѝ е фаворит... Од друга страна пак, пејачката добива прашања од Винтур кога планира да роди дете и кој би ја дизајнирал нејзината венчаница...

Проследете го целиот разговор во видеото...

Објавено:
15 октомври 2019
Прегледно:
246 пати