Видео: Како звучи „Perfect“ во изведба на Александра Јанева и 2BE...

Александра Јанева и 2BE го преработија светскиот хит „Perfect " на Ед Ширан и Бијонсе. Новото аудио и видео на поп-пејачката е музичка празнична честитка за нејзините фанови.

Александра и нејзиниот бенд 2BE освен со видео ќе ја заокружат годината со многу новогодишно-божиќни настапи низ Македонија. Аранжманот на преработката е на талентираниот Тино Стојановски од бендот 2BE.

Оваа е првата македонска преработка на песната која ги освои врвовите на сите светски музички топ листи. Освен перфектниот дует со Бијонсе, Ед Ширан за песната неодамна објави и симфониска верзија со Андреа Бочели.

Објавено:
22 декември 2017
Прегледно:
1.100 пати