Видео: Какви беа импресиите од ревијата на Елена Лука на SFW?

Позитивните впечатоци и импресии на присутните гости стигнаа до нас непосредно по завршувањето на ревијата на Елена Лука под раководство на генералниот менаџер и сопственик, г-ѓа Елена Пандева, со која ја презентираше својата ексклузивна јубилејна колекција „Х" на Модниот викенд во Софија, Бугарија.
Имавме можност да поразговараме и со претставници на тимот на Елена Лука, но и со главните организатори на настанот, модни новинари и критичари, модели, како и гости на шоуто.

Заеднички беше впечатокот дека Елена Лука со оваа ревија го донесе духот на светската модна сцена, останувајќи доследна на својата препознатливост и изграден имиџ во кој раскошот и уникатниот дизајн се водечка карактеристика.

Во видеото ќе имате можснот да видите дел од амбиентот во текот на подготовките за ревијата, како и атмосферата по завршувањто на шоуо.

Објавено:
28 септември 2018
Прегледно:
681 пати