Видео: Кога Адел и Џејмс Корден се возат низ Лондон...

Во серијата фантастични интервјуа и мини музички сесии во автомобил со Џејмс Корден, на ред дојде и мега популарната Адел. 

Како што и очекувавме, покрај тоа што изгледаше неверојатно добро, по кој знае кој пат го покажа својот неверојатен талент пеејќи песни во друштво на нејзиниот долгогодишен пријател и мулти талентиран актер и водител Џејмс Корден. 

Покрај нејзините, таа нѐ почести и со хитови од нејзините омилени Спајс Грлс, но и неверојатно добро ја изведе Monster од Ники Минаж, со што докажа дека на нејзиниот талент му нема крај. 

Неодоливо природна и шармантна на уникатен начин, таа раскажува за нејзините вообичаени вечери со пријателите, за пијанствата на Божиќ, за музиката, за Бијонсе, за Тејлор Свифт... 

Погледнете го одличното видео што дефинитивно ќе ви го разубави денот!

Објавено:
14 јануари 2016
Прегледно:
3.280 пати