Видео: Комплетна трансформација – урбана и модерна пролетна шминка и фризура за дами 40+

Студиото за убавина Elena Luka Hair and Make Up Studio, преку проект на фан страната Sweet 40+, им посветува внимание и ги разубавува дамите над 40-тата година.

Имено, дамите кои на фан страната Sweet 40+ оставиле мотивирачки, креативни и инвентивни коментари, што се издвојуваат од останатите, добиваат бесплатна шминка и фризура во реномираното студио за убавина што веќе пет години функционира во рамките на ателјето на Елена Лука во Скопје.

Прва од дамите кои добија подарок пакет шминка и фризура, е г-ѓата Вера Деловска-Јаневски која целосната доверба им ја препушти на професионалците од Elena Luka Hair and Make Up Studio и нејзиниот изглед беше освежен со нова, пролетна и урбана шминка и фризура.

Во видеото имате можност да го погледнете целиот процес.

Објавено:
7 мај 2018
Прегледно:
771 пати