Видео: Комплетна трансформација – впечатлива шминка и фризура за дами 40+

Реномираното студио за убавина Elena Luka Hair and Make Up Studio, преку проект на фан страната Sweet 40+, им посветува внимание и ги разубавува дамите над 40-тата година.

Имено, дамите кои на фан страната Sweet 40+ оставиле мотивирачки, креативни и инвентивни коментари, што се издвојуваат од останатите, добиваат бесплатна шминка и фризура во престижното студио за убавина што веќе пет години функционира во рамките на ателјето на Елена Лука во Скопје.

Овој пат Ана Адраманова е прекрасната дама која имаше можност за тотална мејкап трансформација, а како изгледаше целиот процес погледнете во видеото.

Објавено:
2 јуни 2018
Прегледно:
435 пати