Видео: Лејди Гага одговара на 73 прашања за Вог

Лејди Гага е дел од новото издание на популарната рубрика на магазинот Вог, „73 прашања“, а новинарот имаше чест да биде гостин во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Таа ја отвори вратата на нејзиниот дом облечена во бело здолниште и блузичка во иста нијанса, со подигната коса во стилот на Одри Хепберн и очила за сонце.

Во моментов, таа е актуелна со филмот „A star Is born“ чија официјална премиера се очекува на четврти октомври и е еден од најочекуваните.

Во видеото, таа говори за Бредли Купер, нејзиниот колега со кого глуми во филмот, кој воедно е и режисер, за кого ќе каже дека е неверојатен и ултра талентиран.

На прашањето со кого би сакала да сними дует, таа ќе каже дека се гордее на дуетите со Тони Бенет и Елтон Џон, а голема желба и е да сними еден со Стиви Вондер.

Во продолжение погледнете го видеото и раскошниот дом на единствената Лејди Гага.

 

Објавено:
18 септември 2018
Прегледно:
122 пати