Видео: Машката мода низ 100 години

Стиловите кои во период од 100 години се менувале во машката мода, се прикажани во триминутно видео што го објави Mode Studios.

Претходно, преку вакви видеа имавме можност да се запознаеме со трансформациите во  женската мода, па како шапките го менувале својот изглед низ историјата, за со ова видео да се запознаеме со промените кои се случувале кај машките трендови.

Од 1915 година па до денес, во три минути преку интересен приказ е направена ретроспектива на оние машки стилови што биле популарни во одреден период: од костумите во тенки риги во 20-тите, преку диско треската во 70-тите, па се до изгледот на современиот маж во 2015 година.

Објавено:
10 јули 2015