Видео: Мистичната Северина за Harper’s Bazaar

Една од најпопуларните хрватски и регионални музички артистики, а според многумина и неприкосновена модна икона – Северина, сними одличен моден едиторијал за српското издание на магазинот Harper’s Bazaar.

Идејата за модниот едиторијал потекнува од долгогодишниот соработник на Северина, Петар Трбовиќ кој заедно со тимот уредници на магазинот и фотографката Јелена Балиќ направија вистинско совршенство од фотографии.

Снимањето се одвиваше во прекрасниот амбиент на дворецот Тракошчан, кој важи за еден од најубавите дворци на овие простори.

Прекрасната Северина специјално за едиторијалот носи креации на одличната Матија Вуица, Борис Павлин и Марко Митановски, кои совршено се вклопија во целата замисла на тимот.

Во продолжение, погледнете го одличното видео од зад сцената, а веќе од денеска можете да го најдете и новото издание на српскиот Harper’s Bazaar.

&feature=youtu.be

Објавено:
24 ноември 2014