Видео: Модно шоу на Елена Лука на Sofia Fashion Week

Веќе ви ги пренесовме нашите импресии од спектакуларното модно шоу на Елена Лука, на Модната недела во Софија, Бугарија, каде минатата недела ја промовираше својата ексклузивна, јубилејна колкција, симболично насвловена „Х" по повод успешниот 10-годишен јубилеј.

Овој пат преку видео ви го пренесуваме амбиентот од модната ревија која никого не остави рамнодушен и за која и бугарската публика и стручна јавност имаше фантастични коментари.

Елена Лука ја заокружи и ѝ даде свој врвен и единствен печат на вечерта која беше резервирана за познати странски дизајнери, со авангардна колекција која е олицетворение на уникатниот дизајнерски израз препознатлив за брендот, што по сите стандарди е во чекор со светските модни тенденции.

Во видеото погоре ја сублимиравме фантастичната атмосфера од промоцијата на колекцијата „Х" на SFW.

Објавено:
24 септември 2018
Прегледно:
171 пати