Видео најава за филмот на Нина Маџиров посветен на нејзиниот татко

14 Јануари е денот кога е роден човекот кој важеше за чудо од уметник, виртуозот на шишиња – маестро Зоран Маџиров. Вчера ќе наполнеше 50 години.

По тој повод, неговата ќерка Нина Маџиров ни испрати кратка видео најава за филмот што таа го снимаше во Лос Анџелес, со посвета за нејзиниот тако, насловен „Стакло", како интимна исповед за големата болка со која таа се соочи по неговата смрт, но истовремено свесна за должноста што тој ѝ ја остави – со својата уметност да создава поубав свет.

„Еден ден кога бев тажна, татко ми ми рече: Никогаш не заборавај чија ќерка си! И таа мисла ме води во животот секој ден. Не поминува момент, а да не ми недостигаш. Ти благодарам за твојата безусловна љубов. Среќен роденден тато. Те сакам бесконечно", напиша Нина во својата посвета.

Повеќе за филмот може да прочитате на овој линк.

 

Објавено:
15 јануари 2018
Прегледно:
1.156 пати