Видео: Наш музички талент вреден за внимание

Петнаесетгодишната Славица Ангелова од Струмица е музички талент вреден за внимание.

Во рамките на регионалното музичко шоу за деца „Неки нови клинци", Славица до сега имаше неколку забележителни настапи кои ветуваат сериозна музичка кариера пред неа.

На нејзиниот последен настап таа ја изведе песната „Мрвица" од Калиопи, што беше поздравено со позитивни коментари од жирито и ѝ обезбеди можност да се натпреварува во шоуто на уште повисоко ниво.

Периодов таа се подготвува за нејзиниот следен настап, а во очекување на истиот, погледнете го видеото со нејзината прекрасна изведба на „Мрвица".

 

Објавено:
18 јануари 2018
Прегледно:
812 пати