Видео: Невестинската бајка на Невена

Невена е една од уникатните и прекрасни невести за која Елена Лука креираше бајковита венчаница.

Целата приказна за создавањето на нејзиниот венчален фустан, од идејата како таа се замислува па се до крајната реализација – воодушевувачка, нежна и романтична венчаница, е проследена со видео во кое разговаравме со Невена за нејзините очекувања и колку истите биле исполнети, кога е во прашање сонот за нејзината совршена венчаница.

За целиот тек на приказната, и за тоа како тече еден процес на креирање на уникатен венчален фустан, разговаравме и со генералниот менаџер и сопственичка на Елена Лука, г-ѓа Елена Пандева која ни откри и детали за новата колекција венчаници на модниот бренд за која неодамна објавивме и фотографии од последната фотосесија.

 

Објавено:
4 јули 2016
Прегледно:
5.537 пати