Видео: Објавени евровизиската песна и спот

Групата „Ај Кју“ ќе ја претставува Македонија на годинашното издание на „Евровизија“. Како што претходно беше најавено, песната носи назив „Lost And Found“, а во етерот се појави и видео записот кој ќе ја следи.

За потсетување, автор на музиката и текстот е основачот на групата, Бојан Трајковски, додека аранжманот го потпишува Дарко Димитров. 

Марија Ивановска е вокалиста на групата и воедно изведувач на песната.

Погледнете го видеото и споделете ги вашите впечатоци.

Повеќе околу изборот на песна можете да прочитате ТУКА.

Објавено:
11 март 2018
Прегледно:
4.742 пати