Видео: Oдличен настап на нашата претставничка на бугарскиот „The Voice“

Единствената претставничка од нашата земја, талентираната 17-годишна Славица Ангелова, успеа да влезе во потесниот круг од 48 во конкуренција од 3500 пријавени кандидати, на бугарскиот „The Voice".

Вчера на бугарската национална телевизија BTV, беше емитуван нејзиниот настап што жири комисијата го оцени како одличен и ѝ даде зелено светло да го продолжи натпреварувањето во тимот на познатата бугарска поп артистка, Михаела Филева.

Славица на импозантната сцена имаше енергичен перформанс на рок хитот „What's up" од 4 Non Blondes, со што си обезбеди сигурна позиција и големи симпатии кај жирито на ова спектакуларно шоу за таленти.

Во видеото погоре погледнете го нејзиниот настап.

Објавено:
8 април 2019
Прегледно:
351 пати