Видео: Ова е најпаметниот плакар

Во современото живеење, од голема корист е кога имате можност да заштедите време и простор.

Во контекст на ова, „The original ScrapBox" дизајнираа паметен, мултифункционален плакар „Workbox" со кој ќе заштедите и простор и време. Се работи за дизајн во кој се комбинирани работна маса, со голем број на полици и закачалки, каде може да складирате голем дел од вашата облека и лични предмети.

Истиот овозможува рационален распоред адаптиран на вашите потреби, а лесно може да го преместувате во зависност од просторот.

Во видеото погоре погледнете како функционира.

Објавено:
8 февруари 2017
Прегледно:
1.028 пати