Видео: Пепси создаде виртуелен хаос во Лондон!

Креативната компанија Пепси одлучи на граѓаните на Лондон да им приреди незаборавни моменти, па на автобуската станица направи тотален виртуелен хаос.

Имено, на страничните стакла на една автобуска постојка, тие поставиле апсолутно интересни видео билборди на кои се гледа како чудовиште излегува од асфалтот, како доаѓаат страшни роботи, како огромен тигар брка едно момче и што уште не.

Реакциите на граѓаните се апсолутно неверојатни, природно, тие изгледаат сосема шокирани од сето она што се случува, а некои пак веднаш посегнуваат по своите мобилни за да го овековечат моментот.

Со оваа одлична реклама компанијата Пепси уште еднаш докажа зошто е една од најуспешните и најкреативни во светот.

Погледнете!

Објавено:
28 март 2014