Видео: стилот на шапките низ 400 години во три минути

Периодов на Интернет особено се популарни кратките видеа кои се повикуваат на историјата на некои значајни модни трендови и нивниот прогрес низ годините. Обично се работи за некое парче облека кое се модифицирало во зависност од потребите на „новото“ време или за трендови што се однесуваат на шминката или фризурата.

Но, неодамна магазинот GQ објави едно интересно видео кое се однесува на менувањето на изгледот на машките шапки во период од дури 400 години.

Фасцинантната ретроспектива не алудира единствено на стилот на шапките, туку посочува и на тоа како тие станале влијателни и кој или што ги промовирало.

Во видеото ќе препознаете многу историски ликови и шапки кои денеска се тренд во нивната модернизирана верзија.

Објавено:
22 јуни 2015