Видео: Вистински девојки vs. Инстаграм девојки!

Обидувајќи се да го направат секој едноставен и банален момент од животот како совршена фотографија од Ени Лебовиц, девојките ширум светот многупати се посрамуваат на нивните Инстаграм профили.

Одличното видео што го направи германскиот моден портал Трес Клик покрај тоа што ќе ве насмее, ќе ви ја прикаже и суровата вистинска што се случува на социјалните мрежи.

Во истото, ќе сфатите дека обичните девојки не се будат со средена коса и беспрекорно лице како Бијонсе или пак дека како подарок за роденден не добиваат скапи подароци од светски брендови. Ова е уште едно во низата освестувачки видеа кои посочуваат на фактот дека животот е многу поубав од она што се пласира низ магазините и социјалните мрежи каде постојано гледаме девојки чии животи се навидум совршени.

Погледнете го видеото и никогаш немојте да се чувствувате лошо за вашиот живот, бидејќи многу често, тој е пореален од сите оние што обожувате да ги гледате на омилениот Инстаграм.

Објавено:
25 февруари 2015