Викторија Бекам ги пее хитовите на Spice Girls во новото Carpool Karaoke

Веќе знаете дека Џејмс Корден и неговото Carpool Karaoke речиси никогаш не оставаат никого рамнодушен, а се чини дека тоа ќе биде случај и во последното издание во кое има неочекувана гостинка.

Во сосема поинакво издание од она на кое навикнавме да ја гледаме, Викторија Бекам се појавува во неговата емисија поведра и позабавна од кога и да е.

Настапот на една од најпознатите дизајнерки на денешницата и поранешна Spice Girls девојка, водителот го најави со интересно кусо видео во кое се раскажува за нивната голема љубов.

Имено, сопругата на Дејвид Бекам се појавува во улога на кукла која само тој ја гледа како жива девојка, додека сите други мислат дека има некои психички проблеми.

Тој минува низ интересна авантура со неа само за да ја врати таму каде што припаѓа, а додека патуваат пеат некои од најголемите хитови на популарната женска група во која таа беше членка.

Во видеото таа промовира дел од нејзината нова колекција која во април пристигнува во продавниците „Таргет“, а и самата носи зелено плисирано здолниште од новите парчиња со пристапни цени.

Објавено:
31 март 2017
Прегледно:
1.372 пати