Вил Смит е првиот гостин во новата сезона на „Carpool karaoke“

Супер забавното шоу „Carpool karaoke" со харизматичниот домаќин Џејмс Корден, продолжува со нова сезона без големи промени, освен тоа што веќе нема да може да се гледаат целосно епизодите на You Tube, освен ако сте корисник на Apple Music кои оваа сезона го режираат шоуто.

Прв гостин во новата сезона е омилениот на многумина, актерот Вил Смит кој во дуо со Корден ги пее и рапува своите хитови.

Во исечокот од видеото ќе го видите и изненадувањето што Корден му го приреди на познатиот актер.

Објавено:
9 август 2017
Прегледно:
390 пати