Во домот на Никол Кидман во Австралија...

Актерката Никол Кидман ги отвори вратите од својот дом, поточно фарма во Австралија за екипата на познатиот магазин „Вог“.

Причината е нивната рубрика „73 прашања за...“ за која секогаш ги посетуваат домовите на познатите личности што им се соговорници.

За време на прошетката низ имотот, убавата Кидман на прашањето што е најкул во Австралија рече дека тоа се луѓето. Таа откри и дека посакува да знае да пее како оперска пејачка и да не е актерка би сакала да биде научник кој ќе го открие лекот за ракот.

На темата мајчинство вели:

-Најубавата работа во мајчинството е љубовта, радоста, целта... А најтешката е тоа што знам дека нема да бидам тука засекогаш за да можам да се грижам за нив - искрена е Кидман.

Таа уште откри дека доколку би се снимал филм за нејзиниот живот, тој би се викал „Ќе преживеам!“, а најголемото изненадување што го доживеала е кога го видела тестот за бременост и сфатила дека е бремена.

На кои сè прашања мораше да одговори и како изгледаше прошетката низ нејзиниот дом, гледајте во видеото погоре.

Објавено:
24 јуни 2017
Прегледно:
2.411 пати