Во плакарот на Кендал Џенер

„Вог“ преку своите видео рубрики овој пат открива што приватно сака да носи еден од најбараните модели на денешницата, Кендал Џенер.

Во видеото погоре, ќе имате можност да видите првин како изгледа и колку е голем плакарот на супер моделот, а потоа и што сè има во него. 

Од вредни винтиџ парчиња од куќата „Ермес“, преку последните креации на „Балман“... Ќе дознаете и како изгледаат омилените обувки што ѝ ги подарил Канје, како и панталоните што ги украла од ревијата на Марк Џејкобс.

За крај мала напомена, бидејќи се работи за видео со 360° камера, па за да го видите плакарот, движете го екранот со маусот. 

Објавено:
17 август 2017
Прегледно:
1.320 пати