Забранета реклама на Келвин Клајн од 90-тите

Се работи за 90-тите години, некои многу чудни работи се случувале тоа време кога била во прашање аудиција за модна реклама, а се со цел да се постигне што поголема провокативност и поголема продажба.

Видеото кое ќе го видите е на Келвин Клајн. Пробното снимање буквално се одвива во подрум во една приградска населба.

На самите модели се гледа дека им е прилично непријатно од поставените прашања лично од Келвин Клајн, на кого целта му е да ги провоцира што повеќе. Реакцијата на сите тогашни маркетинг агенции била иста, да не се емитува, а до ден денешен многумина се сложуваат дека овој обид за реклама е повеќе од навредлив.

Но, од друга страна пак трката да бидеш прв, свој, оригинален и без предрасуди денес е на пазарот број еден кога се работи за маркетинг и во овој контекст Келвин Клајн сепак бил пред времето. Што мислите вие?

Објавено:
19 мај 2016
Прегледно:
406 пати