Затвори ги очите и помисли на Божиќ

Вака гласи насловот на божиќната реклама на модниот бренд „Барбери“. Веќе се зборуваше за појавувањето на Наоми Кембел и нејзината мајка и пред неколку месеци излегоа и првите фотографии.

Сега пак, го презентираме видеото направено во соработка со уметникот и фотограф Џуно Калипсо, а во истото се појавуваат Мет Смит, М.И.А, Кристин Скот Томас, Наоми Кембел и Валери Морис Кембел.

Замислата на Калипсо е да создаде танц помеѓу реалноста и фантазијата на начинот на кој Британците си го прославуваат Божиќот што подразбира вечера заедно со семејството, подароци, одложени возови за празниците и непредвидливо време. 

Погледнете како „Барбери“ го замислува Божиќ!

Објавено:
11 декември 2018
Прегледно:
169 пати