Вторник во широки панталони и кроп топ

За овој последен вторник од јуни избравме светла комбинација од тиркизни широки панталони на ластик и бел кроп топ.

Оваа лежерна комбинација е идеална за овие топли летни денови, затоа што панталоните се широки и нема да ги чувствувате, а тоа што се високо струкирани дава за слобода да носите кроп топ, а притоа да не ви ѕирка кожата, и со тоа да бидете пристојни на работното место.

Финализираме со рамни сандали и ви посакуваме убав и успешен ден!

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.