Стартот на Новата година вообичаено го следат и нови почетоци. Размислуваме за освежување на изгледот, ги планираме новите патувања за годината, а некој пак се одлучува да го промени амбиентот во домот и ентериерот.
Ако планирате конечно да му ја исполните желбата на вашето дете и да ја преуредите детската соба или пак сте во фаза на размислување за ново детско катче, почнете со креветот.
Едно од клучните парчиња мебел што ја одредува целата атмосфера во детската соба, па затоа заслужува да му посветите посебно вниамние, од функционален, но и од декоративен аспект.
А современата архитектура не познава за граници особено кога е во прашање креативноста во светот на децата и нивното катче во домот.
Издвоивме неколку извонредни детски креветчиња што раскажуваат цели приказни, а дефинитивно ја будат и детската фантазија.