Аворијаз - зимска идила во срцето на француските Алпи

23 јануари 2024

Француските Алпи се една од омилените дестинации за многу љубители на зимските спортови.

Нивната грандиозност, феноменалните скијачки терени, како и сместувачките капацитети се навистина импресивни и ги воодушевуваат сите.

Затоа како денешна зимска дестинација одбравме едно место што се наоѓа токму на овој дел од Алпите.

Станува збор Аворијаз коешто се протега на висина од 1800 метри. Изобилува со многу дрвени хотели, апартмани и колиби и важи за модерно алпско село.

Во самото место нема сообраќај, а за да ги пренесете вашите работи, меѓу другото можете да изнајмите и санки коишто ги влечат коњи.

Покрај скијањето во понудата се вклучени и многу други активности, како нордиско скијање, возење со санки што ги влечат кучиња, возење со кочии, посета на 30 снежни паркови...

Доколку одберете да останете во затворено, тука е и аквапаркот Aquariaz каде што владее посебен амбиент.

Објавено:
23 јануари 2024
Категорија: 
Архитектура