Циглените ѕидови се повторно во мода

24 декември 2023

Од она што можеме да го забележиме на социјалните мрежи, циглените ѕидови се повторно тренд.

Уредувањето на домот е секогаш предизвик и неретко црпиме инспирација од веќе уредени домови во коишто секој детаљ е на место и секое катче е приказна за себе.

Циглените ѕидови имаат една посебна нота на индустриски шарм, истовремено создавајќи топлина и природност во просторот.

Една од клучните предности на овој ѕид е неговата сестраност, односно тоа што се прилагодува во секаков стил на уредување.

Циглените ѕидови даваат ефектна позадина за секаков вид на мебел и декорација, додека нивната текстура и боја му даваат длабочина и карактер на просторот.

Можат да послужат како одличен начин да се истакне одредена зона во домот, на пример дневната или трпезаријата.

Во продолжение неколку прекрасни примери на Инстаграм домови со циглени ѕидови.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mel (its_all_about_the_house)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (odyvet)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Izabela (@livinglife.pl)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (bohemiandecor)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Beth Jamison (bethjamison)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Angie (at_angies_place)

Објавено:
24 декември 2023
Категорија: 
Архитектура