Креативното хрватско студио Kiddykay изработува украсни предмети совршени за подарок

4 ноември 2022

Со надоаѓањето на божиќната сезона, многумина од нас веќе размислуваат за подароци за најмилите. Но и без тоа, честопати посакуваме да ги изненадиме родините и пријателите за празници, родендени или други специјални прилики со рачно изработени подароци кои во себе содржат посебен шарм и топлина.

Сепак, без разлика на тоа дали размислувате на подароци за другите или пак за себе, сигурно до сега сте наишле на голем број одлични креативни студија кои рачно изработуваат симпатични предмети. Нивниот шарм е особено примамлив и инспиративен, а едно од нив е малото загребско креативно студио Kiddykay, сместено во домот на Викторија Рудар.

Приказната на Kiddykay започнува во 2021 година, кога Викторија, акушерка по професија и љубител на креативноста, решава да го претвори своето хоби во професија. Викторија произведува рачно изработени предмети кои имаат моќ да го трансформираат секој агол од домот и да го направат омилен, внесувајќи му силна доза уникатност и свежина.

Па не е ни чудно што уште во првата година на активност, приказната а Викторија беше претставена не само онлајн, туку и на саеми за креативни изложби на Шпанцирфест („Креативница") и Проект Илица.

Помеѓу производите на Kiddykay ќе најдете минијатурни украси, кутии за накит во различни форми, украсни вазни, украсни послужавници и чинии, свеќници, подлоги, обележувачи за книги...

Бидејќи се работи за рачно производство, сите производи се единствени и нема два сосема исти. Тие се направени по нарачка и може да има мали варијации во бојата или моделот и воздушните меури, во споредба со презентираните фотографии на производот.

„Можеме да постигнеме различни бои и дизајни при изработката, во зависност од пигментите и техниките што ги користиме. Омилени ни се дизајните „терацо" и „мермер". – вели Викторија.

Сите производи се направени од двокомпонентен систем со акрилна смола на база на вода. Производите се создаваат со мешање на наведената акрилна смола на база на вода со прав на база на гипс и нивно истурање од силиконски калапи.

„Ние користиме одобрени и еколошки материјали од светски познатиот бренд Jesmonite. Сите наши производи се обложени со заштитен восок. За чистење и одржување, препорачуваме да користите влажна крпа или сунѓер и топла вода и да избегнувате употреба на силни хемикалии". - вели Викторија и додава дека производите не треба да се мијат во машина за садови, и дека се строго декоративни, па затоа не се погодни за храна и пиење.

Објавено:
4 ноември 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
606 пати