Еден од најубавите и најудобните начини да уживаме во зимската увертира е да посветиме повеќе внимание на тоа како изгледа местото каде го поминуваме времето за одмор и релаксација.
Тоа се најчесто дневните и спалните соби во нашите домови, каде после долг и напорен есенски ден (честопати и облачен и врнежлив) сакаме да се опуштиме со добар филм, топол напиток и миризлива свеќа.
Но секако, постојат и дополнителни начини со кои можеме да го направиме тоа релаксирачко искуство уште попријатно. Еден од нив е поставувањето на декоративни предмети низ домот кои зрачат неодолив есенски шарм, и секако, внесувањето парче природа во домот преку есенски растенија и букети кои ќе го исполнат нашето секојдневие со топлата и раскошна есенска палета од бои.
Ова се некои есенски растенија кои ќе го трансформираат вашиот дом во удобно есенско катче кое воошто нема да сакате да го напуштите.
Пампас
Иако пампасите се апсолутен хит во дизајнот на ентериер во текот на целата година, сепак се чини дека најдобро ѝ прилега на есента. Токму во есенските месеци можеме да го купиме насекаде и да внесеме допир на дивина во нашите домови. Со својата светла песочна боја, одлично ќе се вклопи во секој ентериер, без разлика дали доаѓа во комбинација со модерен дизајнерски мебел или добро винтиџ парче. Можете да го комбинирате со други цветови во различни аранжмани, а одлично ќе изгледа и самостојно во вазна.
Фото: Pinterest
Тиква
Апсолутен симбол на есента. Тиквата изгледа одлично како декорација на тремот или на балконот, додека пак помалите примероци се симпатичен украс на прозорците, полиците или пак сместени во чинии на маса. Покрај тоа што изгледаат убаво каде и да ги поставите, тие се неодоливи за јадење.
Фото: Pinterest
Еукалиптус
Без разлика дали ќе се одличите за цела грмушка или самостојна гранка, еукалиптусот ќе донесе одлична свежина и зелена боја во вашиот дом, особено кога доминираат оние доплите кафени и портокалови нијанси. Тој совршено ќе се вклопи со другите цвеќиња во вашите вазни.
Фото: Pinterest
Гипсофил
Гиспофилот е цвеќе кое се одгледува во текот на целата година и е едно од омилените и најкористени додатоци во цветни аранжмани аранжмани. Оваа декоративна повеќегодишна билка е специфична по своите мали цветови, кои можат да се најдат во бела, виолетова и розова боја.
Фото: Pinterest
Сончогледи
Сончогледите се полски цвеќиња кои неодоливо нè потсетуваат на летото, но со нивните диви и нескротливи стебла и малку незаузданиот изглед, тие го наоѓаат своето место во ентериерите и сега, баш кога летото си заминува. Одлично изгледаат во градните, но и во вазните во домовите.
Фото: Pinterest