Овој бохо-сканди стан е вистинска инспирација за есенско преуредување на ентериерот

2 ноември 2022

Есента е сезона на промени и подготовка за зимата, а тоа значи дека есента е наедно и совршено време за промени во нашиот ентериер. Сега е вистинскиот момент кога можеме да му се посветиме на домот и да го трансформираме во пријатна оаза.

Во последнава деценија сме сведоци на промени на повеќе стилови на внатрешно уредување, но се чини дека најголем број луѓе тежнеат кон скандинавскиот кој плени со својата префинетост, едноставност, неоптовареност, како и со палета на светли бои, природни материјали и минималистички пристап кон дизајнот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sylwia (@moja_wiejska_sielanka)

Можеби и токму затоа, профилите на социјалните мрежи чија содржина се фокусира на овој начин на внатрешно уредување имаат најмногу слледбеници. Еден таков профил на Инстаграм е @moja_wiejska_sielanka, чиј дом воодушевува со беспрекорната естетика.

Овој стан е едноставен, но префинет со внимателно одбрани детали, и претставува совршен спој на скандинавскиот и бохо стилот. Ова е дом кој неодоливо инспирира да размислуваме во насока на експериментирање со винтиџ и модерен мебел, но и елементи како плетени корпи и цвеќиња во вазни, карактеристични за бохо стилот. Ова е совршен начин да се внесе свежина, зеленило и природа во затворениот простор, а притоа да не се затвори и загуши истиот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sylwia (@moja_wiejska_sielanka)

Погледнете како изгледа станот на @moja_wiejska_sielanka и можеби ќе се инспирирате да направите промена во вашиот дом уште веднаш.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sylwia (@moja_wiejska_sielanka)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sylwia (@moja_wiejska_sielanka)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sylwia (@moja_wiejska_sielanka)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sylwia (@moja_wiejska_sielanka)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sylwia (@moja_wiejska_sielanka)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sylwia (@moja_wiejska_sielanka)

Објавено:
2 ноември 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.308 пати