Многу жители од Нигерија, Того, Камерун и останатите држави на африканскиот континент ја прикажуваат својата култура на интересн начин преку уметноста, традицијата и дневните ритуали.
Секое племе си има свои обичаи и уникатен начин како да го прикаже начинот на живот, од музика и танц до изработка на облека и накит.
Една таква етничка група е Касена, племе што живее на границата помеѓу Гана и Буркина Фасо. Веќе неколку векови наназад, овие луѓе создаваат интересни куќи од глина и ги декорираат со експресивни цртежи.
Изградбата на овие куќи е задача на мажите, додека украсувањето на ѕидовите е оставено на имагинацијата на жените од Касена.
Главната нивна цел е да обезбедат максимална заштита од евентуални непријатели и токму затоа секој детаљ е претходно осмислен.
Вратите се мали, особено каде што живеат постари лица, а речиси и нема прозорци. На овој начин непријателот не би можел да нападне одвнатре.
Ваквата градба исто така овозможува дење да не навлегува топлината, а во ладните ноќи куќата да остане топла.
Градбите имаат различна форма, што е показател за социјалниот статус на оние кои живеат во неа. Куќите во форма на квадрат се за фамилии, кружните покажуваат дека таму живеат ергени, додека останатите се за немажени жени и стари лица.
Во изградбата се користени исклучиво природни материјали кои што луѓето од Касена можат да ги најдат во најблиското опкружување.
Внатрешниот мебел во куќите како полиците, сточињата и креветите се исто така направени од глина, додека покривите се направени од дрво.
Уште од 16 век жените се грижеле за украсувањето на ѕидовите, а истото го прават и денес.
Боите што притоа се користат се направени од природни, локални материјали, па дури и лакот за нивна заштита е од овошје.
Некои од муралите раскажуваат приказна за религијата и фолклорот на Касена, додека други зборуваат за секојдневниот живот.
Најчесто користени мотиви се триаголници, мрежи за рибарење и животни како светите крокодили и чуварите змии.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instagram, Pinterest