Стан во Сингапур со совршен спој на елеганција и функционалност

7 ноември 2023

Креаторот на денешниот ентериер работи и живее во Сингапур, а според она што можеме да го видиме на неговиот Инстаграм профил, неговиот дом е совршен спој на елеганција и функционалност.

@madspatial прикажува разновидни архитектонски стилови, од модерни и елегантни структури до рустични и безвременски парчиња.

Овој стан е поим за иновативен дизајн и беспрекорно поврзување на формата и функцијата.

Освен тоа сопственикот на профилот дава лекции и за фотографија и им оддава признание на креативните умови кои стојат зад извонредниот мебел и декорациите.

Она што може да се најде тука е интересно инфо за љубителите на дизајнот и за професионалците кои што бараат инспирација за себе и своите проекти.

Објавено:
7 ноември 2023
Категорија: 
Архитектура