Жакемус знае како да привлече внимание - бутик во форма на чанта

27 октомври 2023

Жакемус постојано докажува зошто е еден од најталетираните и најиновативните млади модни дизајнери.

Последниот негов подвиг никна во форма на чанта во Сеул, Јужна Кореја, којашто истовремено е кафуле и бутик.

Дизајнот е импресивен, со мала разлика што оваа чанта не може да ја држите во раце.

Објектот, којшто е целосно во бела боја, за само неколку часа од неговата инсталација стана вирална објава на социјалните мрежи.

Бутикот ја претставува чантата Bambimou, а зафаќа површина од 2000 метри квадратни.

Внатре можете да бидете послужени со осум специјални пијалоци, коишто се вклучени во менито, или пак да купите букет од бели лизиантус цветови.

Мега чантата е во рамки на колекцијата "Le Chouchou" на Жакемус, за која што дизајнерот, во поп-ап бутикот во Париз, послужи гигантска порција од сладок крем со цреши.

Колекцијата го имаше своето деби во јуни во Версај, каде што гостите мораа да допатуваат со брод.

Гигантската чанта бутик во Сеул, ќе биде отворена до 29 октомври.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (jacquemus)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by yoann et marco (yoannetmarco)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (dear_aiina)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by - (leessso)

Фото: Instagram

Објавено:
27 октомври 2023
Категорија: 
Архитектура